ФОТО | Дали е ова најскапиот матурски фустан? Ќерката на Никол Кидман носи тоалета од 12.900 долари
Холивудската актерка Никол Кидман има четири деца: две што ги посвои додека беше со Том Круз и две ќерки од бракот со музичарот Кит Урбан. Помладата, Фејт Маргарет, веќе тргна по стапките на мајката, додека постарата, Сандеј Роуз, се одлучи за модата. Таа почна да ги освојува модните писти уште лани, годинава е матурантка, завршува средно училиште.
Препорачано
Сандеј Роуз Кидман Урбан (17) избрала драматичен изглед за матурската вечер, што го покажа во објавата што го освои Инстаграм.
Младата манекенка е облечена во луксузен фустан со потпис на „Оскар де ла Рента“. Фустанот е со голи рамена, горниот дел е во форма на корсет со сребрени цветни украси, а долниот дел во форма на проѕирно здолниште од тул. Позирала на надворешни скали, гледајќи надолу што на целиот впечаток му дава мелодраматична нота. Вистинска принцеза, коментираат воодушевените следбеници.
Блескавиот фустан што го носи Сандеј Роуз чини речиси 13.000 долари.
Сандеј сподели фотографија од себе на која едноставно напишала „матурска“. „Пејџ сикс“ објави дека нејзиниот фустан е од пролетната колекција на Оскар де ла Рента за 2022 година и првично се продавал на мало за 12.900 долари.

Сандеј штотуку заврши средно училиште во Нешвил, каде што живеат. Како што се приближува времето за факултет, наскоро постарата ќерка на Никол и Кејт ќе го напушти семејниот дом, а следната станица најверојатно е Њујорк, бидејќи изразила желба да студира во тој град кој долго време ѝ е близок до срцето. Впрочем, Њујорк е и центар на американската мода, свет во кој сигурно чекори веќе некое време.
Сандеј Роуз веќе беше ангажирана за брендот „Миу Миу“, дебитирајќи на модните писти на ревијата пролет/лето 2025 година во текот на Модната недела во Париз и за првата колекција на „Диор“ на дизајнерот Џонатан Андерсон за пролет/лето 2026 година во октомври.
View this post on Instagram
Сандеј Роуз, исто така прошета по пистата во рамки на Модната недела во Њујорк, а во март се најде и на насловната страница на австралиското издание на модниот магазин „Ел“ .
View this post on Instagram
– Привилегијата да се имаат овие искуства и да се запознаваат толку многу нови луѓе е неверојатна, но како тинејџерка е толку лесно брзо да се вовлечеш во сето тоа. Затоа, можноста да се вратам (во Нешвил) и да ја задржам таа перспектива за враќање во средното училиште ме држи приземјена – изјавила Сандеј Роуз за „Ел“.
Никол Кидман, која овие денови го промовира вториот дел од филмот „Практична магија“ со колешката Сандра Булок, има голема причина да биде горда.
Никол Кидман ретко зборува за Том Круз, но сега откри: „Стенли Кјубрик ни го саботираше бракот“


