ФОТО | Дали е ова најбизарното издание на Сем Смит досега? Како надуван балон

Фото: Инстаграм

Пејачот повторно шокираше со провокативниот стајлинг во кој се појави на доделувањето на Британските музички награди.

Во Лондон синоќа се одржа доделувањето на Британските музички награди, а најзаслужен за тоа што толку многу се зборува и коментира дефинитивно е пејачот Сем Смит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SAM SMITH (@samsmith)


Сем е една од најталентираните британски ѕвезди, а кон крајот на минатата година се најде во центарот на вниманието на јавноста кога го објави дуетот „Unholy“, кој го отпеа со трансродната пејачка Ким Петрас.

Тие двајца неодамна станаа добитници на престижната награда Греми, која се смета за најголемото достигнување во светот на музиката.

Сега Сем се појави на наградите Британските музички награди во прилично необично и, многумина би рекле, најбизарно модно издание досега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gh Konkonsa Seth (@ghkonkonsaseth)


Имено, пејачот носел латекс костим кој е широк во рамениците и остава впечаток дека всушност, во нив носи балони.

На нозете имал сличен стајлинг, со тоа што на нив имал огромни балони во облик на срце.

Сепак, изгледа дека овој стајлинг на многумина не им се допадна, па стана тема на шега на социјалните мрежи, особено меѓу твитерџиите.


„Сем Смит изгледа неверојатно на Британските музички награди“, гласи еден коментар под кој е поставена фотографијата на куче играчка направена од црн балон.


„Сем Смит навистина го облече ова на Британските музички награди“, гласи друг коментар.

Инаку, во прашање е модниот бренд Хари во соработка со Валентино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SAM SMITH (@samsmith)

65. издание на наградите Греми: Хари Стајлс, Сем Смит и Бијонсе ја одбележаа вечерта

Сем Смит проговори за целото искуство како родово-небинарна личност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот