ФОТО+ВИДЕО | Доделени Британските музички награди: Оливија Дин беше апсолутна победничка на вечерта, Хари Стајлс со спектакуларен настап
Доделувањето на Британските музички награди се одржа синоќа во Манчестер, во арената „Ко-оп лајв“, каде најголемите имиња на британската и светската музичка сцена продефилираа на црвениот тепих и на бината. Церемонијата ја водеше британскиот комичар Џек Вајтхол, кој со препознатлив хумор и провокативни досетки ѝ даде динамика на вечерта, комбинирајќи гламур, иронија и директни забелешки …

