Објавени номинациите за Британските музички награди 2024: Една пејачка предводи со дури 7 номинации

Фото: Инстаграм / ЕПА

Објавени се номинациите за 44. доделување на Британските музички награди. Церемонијата ќе се одржи на 2 март 2024 година, во арената „О2“ во Лондон.

Пејачката Рејчел Агата Кин, позната под името Реј (Raye) доби рекордни седум номинации за најважната британска музичка награда, а меѓу номинираните се и легендарните „Ролинг стоунс“ и бендот „Блур“.

Пејачката е овогодинашниот рекордер во номинации. Таа е номинирана за женски изведувач на годината, за албум на годината, а нејзините хитови „Escapism“ и „Prada“ беа номинирани за песна на годината. Со седум номинации таа постави рекорд за еден уметник  во дна година, истакнаа организаторите од Британската фонографска индустрија.

Раперите Централ Си (Central Cee) и Џи Хус (J Hus) добија по четири номинации, вклучувајќи ги и двете во категоријата уметник на годината. Станува збор за родово неутрална категорија која има 10 номинирани откако организаторите го удвоија нивниот број откако беа критикувани минатата година.

Во оваа категорија се номинирани и пејачите Арло Паркс, Дуа Липа, Џеси Вер и Оливија Дин, раперите Дејв и Литл Симз и продуцентот Фред Агаин. Повеќе од 55 номинирани оваа година се жени, или како соло-уметници или дел од женски бенд. Дуа Липа доби три номинации – за уметник на годината, за поп-изведба и за песна на годината за хитот „Dance The Night“ од филмот „Барби“.

Британскиот бенд „Блур“ доби три номинации, а „Ролинг стоунс“ се номинирани во категоријата алтернатива/рок, нивна прва номинација по повеќе од 10 години.

Родово неутралната категорија за меѓународен уметник на годината, исто така, има 10 номинирани, меѓу кои Тејлор Свифт, Мајли Сајрус, Лана Дел Реј, СЗА, Бурна Бој и Кајли Миног.

Номинациите во трите најпопуларни категории се:

Уметник на годината

  • Арло Паркс
  • Централ Си
  • Дејв
  • Дуа Липа
  • Фред аген..
  • Џи Хус
  • Џеси Вер
  • Литл Симз
  • Оливија Дин
  • Реј

Група на годината

  • „Блур“
  • „Чејс енд статус“
  • „Хеди уан енд К-трап“
  • „Џангл“
  • „Јанг фадрс“

Албум на годината

  • „Блур“ – „The Ballad of Darren“
  • Џи Хус – „Beautiful And Brutal Yard“
  • Лилт Симз – „No Thank You“
  • Реј – „My 21st Century Blues“
  • „Јанг фадрс“ – „Heavy Heavy“

Сите номинации може да ги погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот