Сем Смит проговори за целото искуство како родово-небинарна личност

Instagram

Сем Смит проговори за неговото искуство како родово-небинарна личност како и за реакциите со кои се соочил. Минатата година, 28-годишниот пејач откри дека не се чувствува ниту како машко ниту како женско.

Instagram

Во интервју со Џејмс Корден во емисијата „The Late Late Show“ оваа недела, Сем изјави дека е среќен во својата кожа, но и дека наишол на многу негативни реакции.

Сè на сè, беше прекрасно, отсекогаш сум се чувствувал така… Можноста да им го кажам тоа на сите и да се чувствувам многу поотворено за одредени делови од мојата личност и мојот живот беше апсолутно неверојатно“, изјави Смит.

Instagram

Беше неверојатно, но исто така беше навистина, навистина тешко соочувањето со сите реакции и количината на луѓе кои сè уште не поддржуваат родово неконформирачки и транс луѓе ширум светот“, продолжи Сем.

Дефинитивно е поголема борба отколку што очекував, но се чувствувам добро во мојата кожа, што е наградата и прекрасната работа“, вели Смит.

Сем исто така изјави дека сега се чувствува повеќе способен и дека подобро се изразува со својата музика.

Instagram

Сега чувствувам дозвола, музички да ги покажам сите различни страни од себе… Без разлика дали тоа е играњето, или за кого пеам, или што пеам, едноставно чувствувам дека сега можам да се покажам себеси и да се внесам себеси во мојата музика “, изјави пејачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот