Стилот на принцезата од Велс, Кејт Мидлтон/Фото: Профимедиа/Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Британски „Вог“ ја вклучи Кејт Мидлтон меѓу 50 најдобро облечени, благодарение на нејзиниот влијателен стил

Британски „Вог“ ја објави својата прва листа на најдобро облечени, издвојувајќи 50 највлијателни британски модни ѕвезди. Овој престижен избор ги опишува како „личности што ја обликуваат културата“ кои ѝ помогнале на британската мода да го добие своето место на светската сцена.

 

Меѓу ни се најде и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон (43), вклучена во категоријата „Вечни инфлуенсери“, заедно со Викторија Бекам, Наоми Кемпбел, Кејт Мос, Сиена Милер и Алекса Чанг.

 

– Секој разговор за британскиот стил би бил нецелосен без спомнувањето на овие жени, од кои секоја е одговорна за барем еден, а често и повеќе клучни моменти во односот на нацијата кон модата. Нивните стилови се потполно различни, но имаат нешто заедничко, сите поседуваат влијание кое е истовремено и трајно и лесно препознатливо – наведува „Вог“.

Извори неодамна за „Пипл“ открија дека принцезата Кејт Мидлтон нема намера да ангажира стилист и покрај тоа што нејзината долгогодишна лична асистентка и стилистка Наташа Арчер порано оваа година ја напуштила палатата.
Според наводите на изворот, принцезата од Велс е многу посветена на својот стил и повеќето комбинации ги осмислува сама, со логистичка поддршка на својот тим, кој ги координира модните избори.

 

Британски „Вог“ исто така истакнува дека „тивката поддршка на принцезата од Велс може да ја промени судбината на еден бренд“.

 

И покрај заминувањето на нејзината официјална стилистка, која често била посредничка помеѓу Кејт и дизајнерите, стилот на принцезата од Велс генерално остана непроменет, пренесува „Пипл.“

 

ФОТО | Кејт Мидлтон воодушеви во раскошна тоалета и круна со 2.600 дијаманти на банкет во замокот Виндзор

ФОТО | Емотивен моден избор: Кејт Мидлтон повторно го облече омилениот принт на принцезата Дајана

ВИДЕО | Трамп и Меланија пристигнаа во Лондон: Читач на усни открива што ѝ се пожалил тој кога слетале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот