Кејт Мидлтон на Вимблдон / Фото: Dubreuil Corinne/ABACA / Abaca Press / Profimedia

ФОТО | Емотивен моден избор: Кејт Мидлтон повторно го облече омилениот принт на принцезата Дајана

Како една од најнабљудуваните жени во британското кралско семејство, Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, веќе години живее под лупа на јавноста, но нејзиниот моден израз и понатаму е целосно под нејзина контрола. Додека трендовите се менуваат побрзо отколку што се менува сезоната, Кејт ја носи модата на начин кој го надминува времето. Таа никогаш не е целосно „во тренд“, но токму затоа никогаш не излегува од него. Нејзиниот стил постои во сопствена категорија – префинет, одмерен и секогаш модерен. Таков беше и нејзиниот последен стајлинг…

Иако од неа се очекуваат префинетост и кралска формалност, 43-годишната Кејт Мидлтон никогаш не криела дека ја сака модата. Уште како студентка на „St Andrews“ храбро чекореше на модната писта, покажувајќи дека стилот за неа не е само протокол, туку простор за игра, изразување и суптилни пораки.

Токму таков момент повторно приреди на своето неодамнешно појавување во лондонскиот Anna Freud Centre, каде преку модата раскажа приказна за континуитет, но и за промислена еволуција на својот стил.

Кејт се појави во елегантен фустан од дизајнерката Емилија Викстед, крој што совршено ја следи линијата на телото. Наизглед едноставниот, класичен и речиси архивски принт, Кејт го оживеа со современи детали: чанта од mocha велур од брендот DeMellier и минималистички салонки од Hugo Boss – модел што често го носи.

Во оваа комбинација се гледа нејзиниот препознатлив моден потпис: сè е функционално, елегантно и ненаметливо модерно.

Особено интересен избор беше чантата на DeMellier. Токму во момент кога модниот свет се насочува кон помали, структуирани модели што зрачат со тивок луксуз, Кејт се појавува со токму таква силуета.

Нејзината способност навреме да го препознае она што ќе стане тренд и да го носи со елеганција – е тоа што ја прави единствена.

Уште повпечатливо е тоа што ова не е првпат принцезата да го избере истиот фустан за средба со претставници на Anna Freud центарот. Во 2022 година исто така го носеше, започнувајќи модна приказна што сега, неколку години подоцна, ја продолжува на беспрекорен начин.

Токму затоа Кејт гради стил што е и практичен и симболичен. Нејзиниот плакар се темели на повторно носење на парчиња што се враќаат од година во година – и изгледаат модерно како и првиот пат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот