ФОТО | „Беше чест да се учествува“: Креации на Лидија Георгиева на ревијата „Јованка во боја“

Фото Ѓорѓе Томиќ / Приватна архива

Модната ревија „Јованка во боја“, инспирирана од ликот и делото на Јованка Броз, сопругата на доживотниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито, се одржа во Палатата Србија, во рамки на манифестацијата Белградска модна недела, во организација на модното студио „Клик“.

Фото Ѓорѓе Томиќ

На модната ревија беа претставени парчињата облека на 23 избрани дизајнери од Србија и другите републики на поранешна Југославија, кои покрај пристапот до архивите, имаа можност да користат и материјали кои Броз ги добиваше за време на нејзините патувања со Тито низ светот.

Фото Ѓорѓе Томиќ

Македонската дизајнерка Лидија Георгиева заедно со компанијата „Завар Дизајн“ беше дел од групната ревија како единствен македонски дизајнер.

„Голема чест и привилегија беше да се учествува на ваков настан. Самото место на одржување беше несекојдневно и импресивно, полно со измешани емоции за сите нас, и учесниците и публиката. Историскиот карактер и дизајн на овој центар на моќ, изграден од Тито, е и денес уредно сочуван, со огромни уметнички дела, слики, скулптури и декорација, па целосниот впечаток е навистина едно нуркање во минатото, на достоинствен начин и со почит. На ревијата имаше 40тина дизајни, меѓу кои нашите беа доста забележани, добивме многу комплименти од сите страни. Изработени се од историски материјали кои биле сопственост на Јованка Броз. Едниот изглед е геометриски строго обмислена пелерина и пантолани од зелена шантунг свила. Другиот изглед е фустан од луксузен свилен брокат со историски референци од средината на минатиот век. Целокупниот дизајн е обмислен со концепт на Златен кафез, такашто и двата изгледи се заокружени со уникатни модни додатоци изработени во соработка со Марта Наумовска Грнарова – „Завар Дизајн“. Со помош на нејзината инженерска и креативна енергија, им дадовме приказна на овие дизајни, кои беа забележани уште од самиот почеток. Ние таму настапивме како екипа од нашата земја и слободно можам да кажам од името на двете, дека имавме историски егзотично и уникатно искуство. Модата е навигација меѓу минатото и иднината, а во овој случај спој на дизајнерски и инженерски вештини“ – изјави Георгиева за „Слободен печат“

ФОТО | Стилот на Јованка Броз ги спои модните дизајнери од екс-ју земјите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот