ФОТО | Стилот на Јованка Броз ги спои модните дизајнери од екс-ју земјите

Фото: Принтскрин - Фејбук / Belgrade Fashion Weekdjordjetomicfotokratija

Ревијата претставуваше омаж на ликот и делото на некогашната прва дама, а симболично се одржа на поранешниот Ден на републиката – 29 ноември.

Модната ревија „Јованка во боја“, инспирирана од ликот и делото на Јованка Броз, сопругата на доживотниот претседател на Југославија Јосип Броз Тито, се одржа во Палатата Србија, во рамки на манифестацијата Белградска модна недела, во организација на модното студио „Клик“.

Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ

На модната ревија беа претставени парчињата облека на 23 избрани дизајнери од Србија и другите републики на поранешна Југославија, кои покрај пристапот до архивите, имаа можност да користат и материјали кои Броз ги добиваше за време на нејзините патувања со Тито низ светот.

Јованка Броз, покрај југословенската мода и текстилната индустрија, соработувала со модниот салон Клара Ротшилд во Будимпешта, купувала облека и додатоци од модните куќи Диор, Ланвин, Балмен, Пјер Карден, Валентино и материјали од текстилните компании Маркото, Черути, Зења, Бјанкини-Ферер и на бројни патувања низ светот.

Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ

Разбивајќи го сивилото на источниот, социјалистички блок, Јованка вешто ги користела и интензивните и пастелните бои, а често и белата за да биде видлива. И кога беше опкружена со најважните личности од тоа време, таа се истакна, пленеше со својата убавина, држење, изглед и елеганција, приспособувајќи ја актуелната мода на нејзиниот стил и рачно изработената, уникатна облека.

Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ

На модната писта во улога на манекенка се појави и Ана Ѓуриќ – Констракта, српската претставничка на Евровизија.

Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ
Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ
Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ
Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ
Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ
Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ
Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ
Фото: Принтскрин – Фејбук / Belgrade Fashion Week /Фото: Ѓ. Томиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот