ФОТО | Бени Бланко за првиот состанок со Селена: „Мислев дека ме мрази, не сакав врска“
Музичкиот продуцент Бени Бланко откри дека на почетокот од запознавањето со Селена Гомез воопшто не имал романтични чувства кон неа, дури се обидел и да ја спои со еден од своите пријатели. Парот, кој се венчаше минатиот септември, првпат се сретнал кога Селена имала 16 години, а професионално соработувале во 2015 година.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Нивната врска започнала средината на 2023 година, што Гомез го потврди во декември истата година, откривајќи дека биле заедно веќе шест месеци.

Мислеше дека го мрази
Очигледно, не била љубов на прв поглед, барем од страна на Бланко. Во неодамнешното интервју за подкастот „On Purpose“ на Џеј Шети, 37-годишниот продуцент призна дека на почетокот имал сосема различни планови за Гомез.
„Разговарав со неа и ѝ реков: ’Имам толку добри пријатели кои се слободни … Секогаш правиме вечери кај мене. Треба да дојдеш некогаш‘“.
Бланко објасни дека воопшто не размислувал за врска со поранешната Дизни ѕвезда поради сопствената несигурност:
„Мислев дека ме мрази. Очигледно, 99 отсто од тоа беше само во мојата глава“.

Тој откри и дека нивниот прв состанок воопшто не бил замислен како романтичен:
„Воопшто не размислував за нешто романтично со Селена, а разговаравме за нашиот идеален состанок и слично“.

Пет години самотија
Сепак, сомнежите на Бланко се покажале како погрешни. Парот сега ужива во бракот, а Гомез откри како врската ѝ го променила животот на подобро:
„На некој начин бев сама во светот. Бев слободна пет години пред да се сретнеме и мислам дека тоа навистина ми помогна да ценам некого како него.“
Таа додаде дека порано не била подготвена за ваков вид љубов:
„Секогаш му е непријатно кога го кажувам ова, но искрено, пред 10 години не бев во животната фаза во која можев да прифатам трпеливост и безусловна љубов каква што тој ми дава“.


