ФОТО | Апликација со вештачка интелигенција нуди „допишување“ со Исус и Сатаната

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Новата апликација наречена „Допишување со Исус“ („Text with Jesus“),  почна да привлекува внимание кај корисниците ширум светот, бидејќи дозволува виртуелни разговори со библиски ликови, вклучувајќи ги Исус, Марија и Јосиф, како и Сатаната, пишува „Бизнис инсајдер“.

Апликацијата, базирана на технологијата „Чет Џи-пи-ти“, им ветува на корисниците „духовно патување“ и „просветлувачки разговори“ со интерпретации на овие библиски личности.

Оваа апликација, развиена од Стефан Питер, претседател на „Катлоф софтвер“(„Catloaf Software“), им нуди на корисниците можност да разговараат со ликовите на „Светото семејство“.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Исус ги поздравува корисниците со зборовите: „Поздрав, пријателе! Јас сум Исус Христос, тука сум да зборувам со тебе и да понудам водство и љубов. Како можам да помогнам денес?“

За месечна претплата од 2,99 долари, корисниците можат да комуницираат и со Исусовите ученици, како Андреј и Филип. Достапни се и старозаветните ликовиАдам и Ева, но и Сатаната.

Креаторот на „ВИ Исус“, вели дека на корисниците им се овозможени секојдневни молитви и толкувања на библиски стихови. Питер додава дека апликацијата избегнува контроверзни теми и смета дека  толкувањата на тие стихови се разликуваат меѓу поединците и верските традиции.

Некои свештени лица изразија измешани чувства за апликацијата. И покрај тоа што ги признаваат корисните аспекти, како што се дневните молитви, тие нагласуваат дека апликацијата не може да замени подлабока религиозна интеракција и разбирање на религијата.

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Покрај контроверзноста и скептицизмот, апликацијата „Допишување со Исус“ го привлече интересот на корисниците и создаде платформа за дискусија за верата, толкувањата и современите морални прашања.

Креаторот Стефан Петар не се консултирал со теолошки експерти, но ги поканил црковните водачи да ја тестираат апликацијата, за да обезбедат инклузивност и разновидност на одговорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот