Ана Винтур, Би Карозини - Фото: Lev Radin / Zuma Press / Profimedia

ФОТО | Ана Винтур и нејзината ќерка Би Карозини доминираа на црвениот тепих во Њујорк

Ана Винтур (76), го привлече вниманието во Њујорк на премиерата на бродвејската претстава „The Fear Of 13“, каде се појави во придружба на својата ќерка Би Карозини. Поранешната уредничка на „Вог“ сè уште е верна на својот препознатлив стил, носеше елегантен бел фустан со маслинесто зелен и син принт, кој го надополни со масивен накит и чевли со змиски дезен.

Секако, неизоставен дел од нејзиниот изглед беа „боб“ фризурата и очилата за сонце кои не ги симнува ниту во затворени простории.

Нејзината ќерка, пак, 38-годишната Би Карозини, изгледаше подеднакво впечатливо во бел фустан без ракави со црвен цветен дезен. Би е во брак со режисерот Франческо Карозини, кој исто така потекнува од модното „кралство“, неговата мајка беше култната уредничка на италијанскиот „Вог“, Франка Соцани.

Ана Винтур, Би Карозини – Фото: INSTAR Images / Profimedia

Елитата на едно место

На црвениот тепих им се придружија и главните ѕвезди на претставата, холивудските актери Адриен Броди и Теса Томпсон. Броди, кој е добитник на Оскар, дојде во придружба на својата девојка Џорџина Чапман, а во претставата ја толкува улогата на човек кој поминал 22 години на „патеката на смртта“ за злосторство што не го сторил.

„Ѓаволот носи Прада 2“ пристигнува на 1 мај

Ова појавување на Ана Винтур доаѓа во време кога модната јавност со нетрпение го очекува продолжението на филмскиот хит „Ѓаволот носи Прада“. Винтур неодамна позираше за насловната на „Vogue“ токму со Мерил Стрип, која ја толкува легендарната Миранда Пристли – лик инспириран токму од Ана.

Продолжението на филмот, каде се враќа и Ен Хатавеј, е закажано за премиера на 1 мај.

Драма на снимањето на „Ѓаволот носи Прада 2“ – полицијата морала да интервенира, а Ен Хатавеј поставила посебен ултиматум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот