Сцена од „Ѓаволот носи Прада 2“ / Фото: Скриншот/Јутјуб

Драма на снимањето на „Ѓаволот носи Прада 2“ – полицијата морала да интервенира, а Ен Хатавеј поставила посебен ултиматум

Актерката Мерил Стрип откри дека нејзината колешка Ен Хатавеј инсистирала во филмот „Ѓаволот носи Прада 2“ да не се појавуваат модели кои се „алармантно слаби“. Како што пишуваат американските медиуми, за разлика од првиот дел, продолжението е реализирано со поддршка на водечките модни брендови, а актерската екипа присуствувала и на ревиите за време на Модната недела во Милано, пишува „Дејли мејл“.

Тоа искуство оставило посебен впечаток кај Стрип, која се враќа во улогата на култната Миранда Присли.

„Бев импресионирана од тоа колку моделите беа не само млади и убави, туку и алармантно слаби. Мислев дека тоа е решено пред многу години. Ен Хатавеј исто така го забележа тоа и веднаш им се обрати на продуцентите, обезбедувајќи ветување дека моделите кои ќе ги користиме за нашиот филм нема да бидат толку слаби“, изјави славната актерка за „Харпер базар“.

Стрип исто така призна дека била вознемирена за време на снимањето во Њујорк поради огромниот интерес на јавноста. Сетот секојдневно бил опколен од папараци и бројни обожаватели.

„Иако бевме свесни за влијанието на првиот филм пред две децении, мислам дека никој не беше подготвен за оваа опсада. Ни требаа полициски бариери. Се појавуваа автобуси со фанови, а папараците постојано скокаа пред камерите и се расправаа со екипата. Ени остана мирна, но јас бев навистина вознемирена“, се присетува Стрип.

Дејството на филмот се фокусира на Енди Сакс (Ен Хатавеј), која сега е уредничка во магазинот „Runway“, што повторно ја доведува во контакт со Миранда Присли. Во своите обиди да го оживеат списанието, тие се среќаваат и со Емили (Емили Блант), поранешната прва асистентка, додека Стенли Тучи се враќа во улогата на Најџел.

Режисерот Дејвид Френкел ја пофали посветеноста на Хатавеј, истакнувајќи дека таа го носела најтешкиот товар бидејќи се појавува во речиси секоја сцена, работејќи неуморно и со огромен ентузијазам.

Потсетуваме, „Ѓаволот носи Прада 2“ пристигнува во кината на 1 мај, во продукција на „20th Century Studios“ и „Дизни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот