ФОТО | Алесандра Амбросио се свршила? Еден детаљ ги „разгоре“ гласините
Бразилскиот модел Алесандра Амброзио ги „разгоре“ гласини за свршувачка откако објави фотографии од Бали на Инстаграм на кои носи златен прстен на домалиот прст. 44-годишната ѕвезда позираше во бикини и, во описот на објавата, со натпис „Бали… во зори“, откри дека фотографиите ги направило нејзиното момче Бак Палмер.
Препорачано
Иако сè уште нема официјална потврда за свршувачката, прстенот на левата рака беше доволен за да предизвика бројни шпекулации. Извор близок до двојката изјави за „Дејли мејл“ дека Алесандра сè уште не ја потврдила свршувачката, но дека сите веруваат дека нејзината врска со Палмер оди во сериозна насока.

– Тие се многу сериозни и заљубени, па ова може да биде големо навестување дека се ближи свадба. Веројатно тој го дизајнирал прстенот што го носи бидејќи тоа е негова работа – рекол изворот, алудирајќи на работата на Палмер во дизајнирањето на накит.
Друг извор тврди дека таа никогаш не била посреќна.
– Тој има голем авантуристички дух и сака да пробува нови работи, совршен е за неа. Не е против бракот, отворена е, па којзнае, можеби наскоро ќе се венчаат – рекол тој.

Двојката за првпат беше видена заедно на забава на „Арт Базел“ во 2024 година, а дури и тогаш се појавија информации дека Алесандра ја гледа оваа врска како долгорочна.
Бак Палмер претходно беше во брак со Ешли Харт, од која се разведе во 2017 година. Амбросио, од друга страна, беше верена со Џејми Мазур, со кого има ќерка, Анја, и син, Ноа. Оттогаш се забавуваше со Никола Оди и Ричард Ли.
Покрај нејзината кариера како модел, во 2019 година таа го лансираше својот бренд за костими за капење, инспириран од нивните бразилски корени, со нејзината сестра Алин Амбросио и пријателката Жизел Корија.


