ФОТО | „Моето парче рај“: Една од најубавите жени во светот објави разголени фотографии и ги „урна“ социјалните мрежи
Алесандра Амбросио уште еднаш докажа зошто се смета за една од најубавите и најатрактивните жени во светот, дури и на 44-годишна возраст. Познатата манекенка ги воодушеви своите обожаватели со серија провокативни фотографии од одморот во Бразил, кои ги сподели на својот инстаграм-профил.
Препорачано
На одморот ѝ се придружи нејзиното момче Бак Палмер, кој ги покажа своите извајани стомачни мускули во црни костими за капење додека позираа заедно на плажа.
Двојката неодамна уживаше во луксузно патување во Аспен, каде што го прославија 44-тиот роденден на Бак со пријатели и ја искористија можноста да скијаат во одморалиштето Сноумас.
View this post on Instagram
Обожавателите беа воодушевени од нејзините разголени фотографии, кои собраа илјадници лајкови, а многумина ја нарекоа најубавата жена на светот.
Инаку, познатата манекенка е родена во градот Ерехим во бразилската држава Рио Гранде до Сул. Таа ја започна својата кариера многу рана, веќе на 15-годишна возраст почнала професионално да работи како модел.
Амброзио стана глобално позната како едно од најпрепознатливите лица на „Викторијас сикрет“. За време на нејзината долга кариера, таа соработуваше со бројни врвни модни куќи и брендови, вклучувајќи ги „Кристијан Диор“, „Армани“, „Ралф Лорен“, „Гучи“ и многу други. Нејзините фотографии ги красеа меѓународните насловни страници на престижни списанија како што се „Ел“, „Вог“, „Космополитан“…
Алесандра е наведена меѓу најплатените модели во светот и честопати е истакнувана во медиумите како една од најубавите жени во светот, што ја прави вистинска модна икона на нејзината генерација.


