Фоњини: На Ѓоковиќ му врие крвта поради Надал и неговиот триумф во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ не доби можност да ја брани титулата на Австралија Опен освоена минатата година/ фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Италијанскиот тенисер Фабио Фоњини смета дека триумфот на Рафаел Надал на Австралија Опен ќе претставува дополнителна мотивација за Новак Ѓоковиќ. Надал изминатиот викенд во Мелбурн ја освои својата 21 гренд слем титула и им избега на Ѓоковиќ и на Рожер Федерер кои имаат по 20 трофеи од гренд слем турнирите.

Италијанецот Фоњини смета дека триумфот на Надал во Мелбурн ќе претставува дополнителна мотивација за Новак Ѓоковиќ да го престигне Шпанецот по бројот на освоени гренд слем титули.

На Ѓоковиќ не му беше овозможено да ја брани титулата на Австралија Опен освоена минатата година бидејќи властите му ја укинаа визата. Имено, прво Ѓоковиќ доби виза за влез во Австралија со медицинско изземање од вакцинација против коронавирус, но по неговото пристигнување во Мелбурн, истата му беше укината.

Тој потоа се жалеше на суд кој пресуди да му биде вратена визата по што австралискиот министер за имиграција Алекс Хок, повторно му ја укина визата на српскиот тенисер. Овој пат, за жалбата одлучуваше врховниот суд и пресуди на штета на тенисерот кој потоа беше депортиран. Отсуството на Ѓоковиќ го искористи Рафаел Надал кој во епско финале и неверојатен пресврт откако губеше со 0:2 во сетови, на крајот го победи Данил Медведев со 3:2 и ја освои титулата.

– Колку што го познавам, на Новак му врие крвта. Од една страна е задоволен бидејќи ова се работи кои го мотивираат. Мора да си помислил „супер, победи. Се гледаме во Париз“. Новак има натпреварувачки карактер и тоа го покажа изминатите години. Сепак, доколку сака Рафа може да победи и во Париз и да дојде до 22. гренд слем трофеј. Тие двајца се тениски феномени – вели Фоњини.

Италијанецот иако им се воодушевува на Надал и на Ѓоковиќ, сепак признава дека е голем фан на последниот член на големата тениска тројка, Рожер Федерер.
– Не би сакал да ги навредам Рафа или Новак, но јас сум роден како фан на Федерер и таков ќе останам. Доколку би можел да бирам, секогаш би купил билет за да го гледам Федерер – додава Фоњини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот