Фон дер Лајен: ЕУ ќе одвои пакет од 15 стипендии за студенти од Западен Балкан

Урсула фон дер Лајен/ Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Тирана изјави дека ЕУ ќе додели финансиски пакет со 15 стипендии за студенти од Западен Балкан.

Фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со албанскиот премиер Еди Рама, како дел од отворањето на новиот кампус во Тирана на престижниот Европски колеџ во Бриж, рече дека тој претставува нов мост кон ЕУ.

„Се сеќавам на идејата овде во Тирана да имаме кампус на Европскиот колеџ. Веднаш ја разбрав вашата визија за да ја подготвите иднината на Албанија за обука на следните генерации. Така започнавме. И тука сме, го создаваме третиот кампус на Европскиот колеџ“, рече таа.

Претседателката додаде дека ЕК одвоила средства за формирање на кампусот и најави финансиски пакет со 15 стипендии за студенти од Западен Балкан.

Рама и се заблагодари на Фон дер Лајен за отворањето на кампусот и рече дека само ЕУ може да и помогне на земјата да го заборави своето минато и да обезбеди демократија за своите граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот