Филипче: Нема ризик за недостиг на респираторни машини, идната недела ќе пристигнат нови 50

Министерoто за здравство Венко Филипче гостуваше во студиото на Нова ТВ, каде меѓудругото, говореше за состојбата на пациеnтите кои се позитивни на корнавирусот.

-Во моментов сите пациeнти се во стабилна состојба, освен една којашто има постепено влошување на состојбата, се уште може да дише самостојно. Таа е повозрасна жена и спаѓа во поризичната категорија и за среќа не и треба механичка потпора- рече Филипче.

Имаме осум респираторни машини за дишење, рече Филипче, кои се на располагање на пациентите.

-Тоа се респиратони машини на коишто се приклучени пацинети кои имаат компликации од сезонскиот грип, кај нас добро е што бројката полека опаѓа. Се разубавува времето, анализите кои ги имаме направено покажуваат дека има два пика, има еден пик на почетокот на февруари и еден пик на почетокот на март, потоа борјор на пацинети болни од сезонски грип опаѓа- рече Филипче.

Нема ризик дека нема респираторни машини, рече Филипче.

-Добивме задолжение од Владата да набавиме дополнителна количнина на опрема, 50 дополнителни респираторни машини, очекуваме да стигнат следната недела, се спремаме да напавиме уште 50, евентуално ако се наметне потреба- рече Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот