ФФМ: Титулата за Вардар, новата сезона ќе започне на 9 август!

фото: ffm.mk

Поради недобиената лиценца за УЕФА натпреварувања, „црвено-црните“ не се стекнаа со правото како првопласирани да играат во Европа.

Покрај одлуката кои екипи да ја претставуваат нашата земја на меѓународната сцена следната сезона, на седницата на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беше донесена одлука ФК Вардар и официјално да биде прогласен за шампион.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на замрзнатата табела на МФЛ од натпреварувачката сезона 2019/2020 година по одиграно 23. коло од Прва МФЛ и 17. коло од Втора МФЛ со која првопласираните екипи од Втора МФЛ – Исток и Втора МФЛ – Запад се промовирани во Прва МФЛ од натпреварувачката сезона 2020/2021 и ФК Вардар како првопласиран тим во натпреварувачката сезона 2019/2020.

фото: fkvardar.mk

Иако, како првопласираната екипа, ФК Вардар доби можност да учествува во квалификациите од УЕФА Лига на Шампиони, поради недобиената лиценца за УЕФА натпреварувања, ФК Вардар нема можност да го искористи правото кое му следува како првопласирана екипа за натпреварувачката 2019/2020.

Воедно усвоен е календарот за следната сезона (2020/2021). Согласно календарот за натпреварување, Прва МФЛ ќе започне на 9. август 2020 година, додека на 22. август ќе стартува новата сезона од Втора МФЛ. Шеснаесет финалните натпревари од Купот на Македонија ќе започнат на 23. септември 2020.

Летниот преоден рок ќе трае цели 12 седмици, односниот ќе заврши на 6 септември 2020 година, а донесена е и одлука за промена на терминот на одржување на Редовното Годишно Собрание на ФФМ. Доколку условите дозволуваат, 12. јули 2020 година ќе биде датумот на одржување на Редовното Годишно Собрание на ФФМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот