Силекс ќе игра во ЛШ, а Шкендија, Ренова и Шкупи во Лига на Европа!

фото: фејсбук

Правото на Куп победникот за натпреварување во УЕФА Лига на Европа, се пренесува на последователното најдобро рангираната екипа во првенството која не остварила пласман за УЕФА.

На седницата Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на екипите кои обезбедуваат право за учество во УЕФА натпреварување во сезона 2020/2021.

Врз основа на податоците и замрзнатата табела на Прва МФЛ во натпреварувачката сезона 2019/2020 по одиграно 23. коло, Комисијата за натпреварување предложи, а У.О. на ФФМ прифати, со право за учество во УЕФА натпреварување во сезона 2020/2021 да се стекнат екипите на:

ФК Силекс АД – Кратово – УЕФА Лига Шампиони
ФК Шкендија АД Тетово – УЕФА Лига на Европа
ФК Ренова АД Џепчиште – УЕФА Лига на Европа
ФК Шкупи 1927 АД Скопје – УЕФА Лига на Европа

Поради прекин на Куп натпреварувањето и неможноста да се добие победник во Купот на Македонија, правото на Куп победникот за натпреварување во УЕФА Лига на Европа, согласно УЕФА правилата, се пренесува на последователното најдобро рангираната екипа во првенството која не остварила пласман за УЕФА.

Комисијата за натпреварување констатираше, а У.О. на ФФМ го прифати предлогот дека последователно најдобро рангирана екипа во првенството по одиграно 23. коло на замрзнатата табела од Прва МФЛ е петто пласираната екипа, односно екипата на ФК Шкупи 1927 АД Скопје која се стекнува со право на настап во УЕФА Лига на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот