Ферстапен: Секогаш е посебно да се победи пред домашни навивачи

Макс Ферстапен беше најбрз во Зандворт/фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен,  денеска пред своите навивачи на патеката Зандворт славеше на трката за Големата награда на Холандија и направи голем исчекор кој одбрана на титулата во Формула 1 шампионатот.

Ферстапен ја оствари 10 победа во 15 трка сезонава и со 310 бода се наоѓа на лидерската позиција во генерален пласман и има 109 бода повеќе од Шарл Леклер и Серхио Перес. Иако е блиску до втората титула во катиерата, Ферстапен е пресреќен што победи пред домашните навивачи.

– Секогаш е посебно да се победи домашна трка, оваа година морав да работам уште повеќе, ова е неверојатен викенд за мене и навистина сум среќен што победивме во Холандија – изјави Ферстапен.

Денешната победа беше и 30 во кариерата, на второто место се пласира возачот на Мерцедес, Џорџ Расел кој сезонава го фрли во сенка клупскиот колега и седумкратен Ф1 шампион, Луис Хамилтон.

– Како тим денеска имавме неверојатно темпо. Тимскиот резултат не беше баш како што се надевавме, но добивме голема самодоверба за понатаму. Полека се приближуваме до нивото на Ред Бул – изјави Расел.

Следната трка во Формула 1 шампионатот ќе се вози наредниот викенд за Големата награда на Италија што ќе се вози на легендарната патека „Монца“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот