Федерер се повлече од „Ролан Гарос“, ништо од потенцијалниот меч со Ѓоковиќ

epa09239129 Roger Federer of Switzerland in action against Denis Istomin of Uzbekistan during their first round match at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 31 May 2021. EPA-EFE/YOAN VALAT

Швајцарскиот тенисер одлучи да го заврши настапот на грен слем турнирот во Париз после мечот од третото коло. Рожер Федерер во четвртата рунда на „Ролан Гарос“ требаше да игра против Матео Беретини, но Италијанецот без борба си обезбеди место во четвртфиналето.

Швајцарецот ја донесе ваквата одлука после тешкиот меч во третото коло со Доминик Кепфер, дуел кој траеше повеќе од три и пол часа, или некаде околу 01.00 часот по полноќ.

Федерер истроши многу енергија и на прес конференцијата најави откажување од турнирот, бидејќи 39-годишниот тенисер не е доволно подготвен после двете операции на коленото.

– По консултацијата со мојот тим, решив да се повлечам денеска од Ролан Гарос. После две операции на коленото и повеќе од една година рехабилитација, важно е да го слушам моето тело и да бидам сигурен дека нема да се форсирам премногу на патот кон закрепнување. Воодушевен сум што завршив три меча затоа што нема подобро чувство од она на теренот. Се гледаме наскоро – напиша Федерер на социјалните мрежи.

Иако се најавуваше нивни меч во четвртфиналната фаза, сега Федерер и Ѓоковиќ нема да ги одмерат силите. Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ доколку биде успешен во мечот со Лоренцо Мусети, во четвртфиналето ќе се соочи со Беретини.

Неспортски потег на Федерер: Го провоцираше Чилиќ, па влезе во расправија со судијата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот