Федерер нема да настапи на „Австралија опен“!
Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер нема да учествува на првиот грен слем турнир во новата сезона, потврдија организаторите.
– Петтиот играч на светот и шесткратен освојувач на „Австралија опен“ сепак нема да биде во Мелбурн. Му посакуваме сè најдобро и да се врати во текот на годината. Го чекаме во Мелбурн 2022 – рече директорот на турнирот, Крег Тајли, во соопштението.
Швајцарецот до сега вкупно шестпати се искачил на врвот на овој турнир, во 2004, 2006, 2007, 2010, 2017 и 2018 година.
Овој грен слем ќе започне нешто подоцна од вообичаеноето поради пандемијата на коронавирусот, 8 февруари 2021 година, а 39-годишниот Федерер својот последен меч го имаше кон крајот на јануари 2020 во полуфиналето на „АО“ против Новак Ѓоковиќ.
А токму српскиот ас го брани шампионскиот трофеј, првиот светски рекет во големото финале со 6:4, 4:6, 2:6, 6:3 и 6:4 го совлада Австриецот Доминик Тим.