Федерер и Надал го предадоа Ѓоковиќ и сите нас

twitter/TSN

Канадскиот тенисер Васек Поспишил ги обвини Рожер Федерер и Рафаел Надал поради предавство на неговата идеја која е прифатена од мнозинството тенисери.

Поспишил дал предлог да се направи унија на синдикатите за тенисери и на тој начин да се зголемат наградните фондови на турнирите. Канадскиот тенисер најголема поддршка добил од претседателот на советот на тенисери, Новак Ѓоковиќ, но бил „предаден“ од Рафаел Надал и Рожер Федерер кои гласале против.

– Во еден момент имавме 800 од Топ 100 најдобри тенисери кои потпишаа и еден од нив беше Новак Ѓоковиќ. Имавме и 12 од Топ 20 тенисеи, но кога отидовме кај Рожер и Рафа, тие ја сменија својата одлука. Сакаа да зборуваат на само со челниците на грен слем турнирите, што беше спротивно на целата наша идеја. Искрено, тоа е срамота – вели Поспишил.

– Имав одличен разговор со Рожер тој и добар човек и навистина го сакам. Тоа во целост не поддржа, но не сакаше да застане зад овој проект. Тоа не успори, но на крајот мнозинството е посилно од неколкумина – смета Поспишил.

Канадскиот тенисер е убеден дека успеале да на направат вистинската работа и без поддршката од Федерер и од Надал.

– Ни беше потребна унија или асоцијација. Унијата на играчите во спортот каков што е тенисот не е лесно да се одржи. Станува збор за интернационален спорт и имате толку многу закони во различни земји кои се косат самите со себе. Успеавме да направиме многу и сега сме обединети, дефинитивно постои светло на крајот од тунелот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот