Фаучи: Сериозно се сомневам дека руската вакцина е безбедна и ефикасна
Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека се сомнева во безбедноста и ефикасноста на вчерашната одобрена вакцина против коронавирус во Русија.
„Се надевам дека Русите дефинитивно ќе докажат дека вакцината е безбедна и ефикасна. Сериозно се сомневам дека е така“, рече Фаучи во изјавата за телевизијата Еј-би-си њуз.
Русија во преговори со СЗО за можна проверка на руската вакцина против ковид-19
Според Фаучи пред да почнат да се вакцинираат луѓето, вакцината мора да биде докажана дека функционира.
„Имаме многу вакцини. Ако сакаме да им наштетиме на луѓето или да им дадеме нешто што не функционира, тогаш би можеле да започнеме да им даваме вакцини уште следната недела. Но, тоа не го сакаме“, истакна епидемиологот.
Фаучи посочи дека кога слушаат информации за развој на вакцината во Русија или Кина, секогаш мора да знаат дека безбедносните стандарди во тие земји се различни од оние во САД. Ова не е прв пат американскиот епидемиолог да излезе со ваква изјава, откако на почетокот на месецов изрази сомневање за овие вакцини.
Првата вакцина против ковид-19 во светот доаѓа од Русија, каде ја нарекоја „Спутник V“ и развива имунитет до две години. И ќерката на рускиот претседател Владимир Путин ја прими вакцината.
Путин: Русија ја одобри првата вакцина против коронавирусот во светот, една од моите ќерки ја прими
13 вредни совети од доктор Фаучи како да ја избегнете заразата со ковид-19