Путин: Русија ја одобри првата вакцина против коронавирусот во светот, една од моите ќерки ја прими

владимир путин
Рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека Министерството за здравство веќе ја одобрило првата вакцина против новиот коронавирус во светот, како и дека неговата ќерка веќе ја примила вакцината.

Притоа Путин соопшти дека се надева дека вакцината наскоро ќе биде пуштена во масовно производство.

„Една од моите ќерки ја прими вакцината. Во оваа смисла, таа учествуваше во експериментот. По првото вакцинирање, таа имаше температура од 38, следниот ден – 37 и тоа беше сè.“, вели Путин.

Рускиот претседател не прецизираше која од неговите ќерки, Марија или Катерина, ја примила вакцината.

Заменик-премиерката на Русија Татјана Голикова рече дека вакцината ќе им биде давана на здравствените работници од почетокот на септември. За пошироката јавност ќе биде достапна почнувајќи од јануари.

Вишиот министер Михаил Мурашко минатата недела објави дека се планира во октомври да почне национална програма за масовна вакцинација. Мурашко додаде дека сите трошоци ќе бидат покриени од владата.

СЗО предупреди за руската вакцина: Не е на нашата листа!

Фаучи: Се сомневам во руската и кинеската вакцина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот