Фаучи: Се сомневам во руската и кинеската вакцина

фото: твитер

Во западните земји се развиваат тро вакцини, кои се во првата фаза од клиничкото испитување врз човекот.

Американскиот имунолог Ентони Фаучи изрази сомнеж за безбедноста на вакцините за Ковид-19 што во моментот се испитуваат во Русија и во Кина.

– Навистина се надевам дека Кинезите и Русите ќе ги тестираат своите вакцини пред на некога да ги дадат. Да се каже дека има вакцина подготвена за дистрибуција пред да биде тестирана за мене е нешто проблематично, да не кажам нешто повеќе, истакна Фаучи вчера пред Конгресот.
Директорот на американскиот Институт за заразни болести додаде дека САД за вакцината не треба да се потпираат на другите држави.

Русија тврди дека прва ќе има вакцина за коронавирус и тоа многу брзо

Русија изминатите денови соопшти дека се надева оти од септември или октомври ќе почне со индустриско производство на две вакцини против новиот коронавирус , но не објави научни податоци кои ја потврдуваат нивната безбедноста и ефикасноста.

Неколку проекти за вакцина имаат охрабрувачки резултати, а помеѓу нив е и една кинеска, на која заеднички работат Институтот за воени истражувања и фармацевстката група „КанСино билоџикс”. Кинеската армија кон крајот на јуни одобри употреба на вакцината во своите редови, иако се уште не почнала завршната фаза за нејзино тестирање.

Во западните земји се развиваат три вакцини, кои се во првата фаза од клиничкото испитување врз човекот.

Кои вакцини ги купува ЕУ? Европа преговара со повеќе компании, оваа вакцина има најмногу изгледи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот