Русија тврди дека прва ќе има вакцина за коронавирус и тоа многу брзо

EPA EFE
Тестирање за коронавирус, Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Руските научници велат дека вакцината е брзо развиена зошто е модифицирана верзија на веќе постоечкото создадено за борба против останатите болести.

Русија планира да биде првата држава во светот која ќе ја одобри вакцината против коронавирус. Планираат тоа да го направат за помалку од две недели и покрај загриженоста за неговата безбедност и околу тоа дали Русија пропуштила да одобри некои есенцијални делови во нејзиниот развој, дознава Си Ен Ен.

Руските власти рекоа за Си Ен Ен дека работат на тоа, вакацината која ја создаде рускиот Институт Гамалеја да биде одобрена на 10 август или порано.

Први ќе ја примат здравствените работници, а потоа другите

Ќе биде одобрена за јавна употреба со акцент на тоа здравствените власти да ја примат први, велат руските власти за американскиот медиум.

„Ова е како моментот кога е лансиран Спутник“, рече Кирил Дмитриев, шеф на рускиот државен фонд за директни инвестиции, кој го финансира истражувањето на вакцината, реферирајќи на успешното лансирање на светот во Вселената во 1957 година, од страна на Советскиот Сојуз.

„Американците биле изненадени кога го слушнале звукот на Спутник. Исто е и со вакцината. Русија ќе ја има прва“, додаде тој.

Нема научни податоци ниту студии за руската вакцина

Но Русија не објави никакви научни податоци за вакцината и Си Ен Ен не може да ја потврди нејзината безбедност или делотворност. Критичарите велат дека државата го протуркала развојот на вакцината после политичкиот притисок од Кремљ кој сака да ја претстави Русија како глобална научна сила.

Исто така постои голема загриженост дека тестирањето на вакцината врз луѓето е непотполно.

Неколку вакцини моментално се во фаза на тестирање ширум светот, а само мал број спаѓаат меѓу оние кои се покажаа како делотворни на голем примерок. Повеќето научници предупредуваат дека многу работа е пред нив, до одобрувањето на вакцината.

Тестирањето на руската вакцина заостанува зад другите

Додека некои светски вакцини се во трета фаза од тестирањето, руската ја завршува втората фаза. Русите планирааат да ја завршат до 3. август, а потоа да се впуштат во третата фаза од тестирањето, паралелно со давањето на вакцината на здравствените работници.

Руските научници велат дека вакцината е брзо развиена зошто е модифицирана верзија на веќе постоечкото создадено за борба против останатите болести. Тој пристап го презеле многу држави и компании ширум светот.

Модерна, чија вакцина е поддржана од американската влада и која влезе во третата фаза од тестирањето во понеделникот, својата вакцина против коронавирус ја изгради на постоечката вакцина за МЕРС. И додека таквиот пристап го забрзува целиот процес, американските и европските регулатори бараат целосни тестови и делотворност на вакцината.

Војниците како волонтери за тестирање на вакцината врз луѓето

Руското министерство за одбрана вели дека руските војници послужиле како волонтери за тестирање.

Александер Гинсбург, директор на тој проект, за Си Ен Ен рече дека веќе се вакцинирал. Руските власти велат дека на вакцината забрзано се работи поради глобалната пандемија и проблемите кои во самата Русија ги предизвика коронавирусот. Во Русија од почетокот на пандемијата потврдени се над 800.000 случаи.

„Нашите научници не се фокусирани на тоа да бидат први кои ќе дојдат до вакцина, туку да им помогнат на луѓето“, додава Дмитриев.

Вакцината користи човечки аденовирус кој е ослабен, така што не се реплицира во организмот. За разлика од другите вакцини во развој, оваа руски вакцина се заснова на два вектори, а не на еден така што пациентите ќе добијат и втора, посилна доза.

Официјални лица велат дека научните податоци во моментов се собираат и ќе бидат достапни за разгледување и објавување во научни списанија, најрано во август.

„Русија ја надмина својата водечка улога во развојот на вакцина и својата докажана платформа против вакцините за ебола и МЕРС за да донесе прво безбедно и делотоворно решение на најголемиот светски проблем“, изјави Дмитриев претходно за Си Ен Ен.

СЗО пак вели дека не постои одобрена вакцина за МЕРС.

Големите тестирања на вакцини во Велика Британија, САД и на други места во светот рапидно напредуваат, но никој не се обврза на рокови до кога ќе го исфрли готов производ на пазарот.

Кремљ претходно во јули ги отфрли обвинувањата дека руски шпиони хакирале американски, канадски и британски истражувачки лаборатории за да ги украдат тајните за развој на вакцината.

Руските власти исто така ги отфрлија сомнежите дека членови на државно – политичкиот врв и бизнис елитата – вклучувајќи го и претседателот Путин, добија ран пристап до вакцината од останатите.

Кои вакцини ги купува ЕУ? Европа преговара со повеќе компании, оваа вакцина има најмногу изгледи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот