Во јавноста испливаа досега невидени фотографии од ќерките на Путин (ФОТО)

Фото: Профимедиа

Досега никогаш видени фотографии од ќерките на рускиот претседател Владимир Путин се појавија во јавноста од приватната колекција која е во сопственост на некогашниот близок пријател на Путин.

Сестрите Екатерина и Марија Путин (напред, средина) со браќата Александар и Виктор Пугачеви фотографирани со руската поп група „Стрелки’ / Фото: Твитер

На фотографиите се наоѓаат Марија и Катерина како тинејџерки веднаш откако Путин дошол на власт во 2000-те.

Како што пишуваат странските медиуми, се верува дека ги објавил поранешниот милијардер Сергеј Пугачев (57) кој токму оваа недела ја изгуби правната битка вредна 13 милијарди долари против руската држава на Парискиот арбитражен суд.

Александар и Виктор Пугачеви со ќерките на Путин, Марија и Екатерина / Фото: Принтскрин / ЊујоркПост

Ќерките на Путин на овие фотографии се’ уште деца, а според медиумите фотографирани се во Кремељ како и домот на Пугачев близу Москва.

Виктор и Александар Пугачеви играат билијард со ќерките на Владимир Путин, Марија и Екатерина / Фото: Принсткрин / ЊујрокПост
Ќерката на Владимир Путин, Мариа Путина и Виктор Пугачев / Фото: Фото: Твитер

На фотографиите тие со протераните синови на Пугачев. Пугачев тогаш бил во брак со Русинка пред да ја започне врската со британската грофица Александра Толстој, со која сега има уште 3 деца, или вкупно 5.

Александар Пугачев, Екатерина и Мариа Путин и Виктор Пугачев / Фото: Твитер
Александар Пугачев, синот на Сергеј со ќерката на Путин, Екатерина Путина / Фото: Твитер

Рускиот претседател Владимир Путин за време на својата политичка кариера ги криеше ќерките од очите на јавноста и ретко зборуваше за нив. Тие две сега имаат триесетина години.

Марија Путина денеска го користи презимето Воронтсова / Фото: Принтскрин / ЊујоркПост

Ќерката Марија денес има 35 години и го користи презимето Воронтсова, а се занимава со медицински истражувања. Се верува дека е омажена за холандски бизнисмен со кого има семејство.

Фотографија од Марија Воронтсова во тинејџерските години  исплива во јавноста деновиве / Фото: Принтскрин / ЊујоркПост

Екатерина (33) позната е по презимето Тихонова и се занимава со танц. Дипломирала на Универзитетот во Москва. Била омажена за најмладиот руски милијардер Кирил Шамалов. Како што пренесувале странските медиуми, тие двајца се развеле после неколку години.

Екатрина Путина денеска го користи презимето Тихонова / Фото: Профимедиа

Инаку постојат верувања дека Путин има уште едно семејство, но тие тврдења не се никогаш потврдени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот