Руската вакцина против Ковид-19 развива имунитет до две години

Фото: EPA

Луѓето кои ќе ја примат новата руска вакцина против Ковид-19 ќе бидат имуни на новиот коронавирус до две години, соопшти руското Министерство за здравство.

– Вакцината е создадена во Центарот за истражување Гамалеја, кој работеше на пронаоѓање на вакцина користејќи испробани и проверени процедури за одгледување на вектори на аденовирус, изјави министерот за здравство Михаил Мурашков.

– Сакам да истакнам дека истражувачите од нашите научни центри уште од 1990-тите успешно експериментирале со подготовка за генетски терапии. Со понатамошно истражување формира е универзална платформа за изработка на вакцини против разни заразни болести, а на овие платформи научните истражувачи и нашите експерти веќе успеаја да создадат шест вакцини кои се со различен степен на употреба во Русија, рече рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, наведувајќи ги како примери на вакцината против вирусот ебола и коронавирусот од типот MERS-CoV.

Кои вакцини ги купува ЕУ? Европа преговара со повеќе компании, оваа вакцина има најмногу изгледи

Рускиот претседател Валдимир Путин претходно соопшти дека Русија станала првата земја во светот со официјално атестирана вакцина против коронавирусот, по помалку од два месеци тестирање врз луѓе, „со што Москва ја покажала научната генијалност и надмоќ”.

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека со руските здравствени установи преговара за атест за новата вакцина, што според претставникот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, подразбира строга проверка на сите пропишани безбедносни процедури и ефикасност на новата вакцина.

СЗО предупреди за руската вакцина: Не е на нашата листа!

Путин исто така соопшти дека една од неговите ќерки примила вакцина против коронавирусот.

– Една од моите ќерки ја прими вакцината. Во таа смисла, таа учествуваше во експериментот. По првото вакцинирање, таа имаше температура од 38, следниот ден малку над 37, и тоа е тоа, рече Путин на владината седница на која беше објавено дека во Русија е регистрирана првата вакцина против Ковид-19.

Путин: Русија ја одобри првата вакцина против коронавирусот во светот, една од моите ќерки ја прими

– По втората вакцинација, таа исто така имаше мала температура, а потоа се спушти. Се чувствува добро, додаде рускиот претседател.

Путин истакна дека многу луѓе воопшто немаат надворешни манифестации, ниту температури по вакцинацијата.

– Како ништо да не правеле, заклучи Путин.

Фаучи: Се сомневам во руската и кинеската вакцина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот