Русија во преговори со СЗО за можна проверка на руската вакцина против ковид-19

Фото: EPA

Руските здравствени работници ќе се понудат доброволно да се вакцинираат.

СЗО и руските власти разговараат за процесот за проверка на безбедноста и ефикасноста на новата вакцина против ковид-19 која ја одобри РУсија, рече портпаролот на Светската здравствена организација.

Претседателот Владимир Путин рече денеска дека Русија станала прва земја во светот која дала регулаторно одобрување за вакцината против ковид-19 по помалку од два месеци тестирање врз луѓе, што Москва го поздрави како доказ за умешноста на руските научници.

Путин: Русија ја одобри првата вакцина против коронавирусот во светот, една од моите ќерки ја прими

Русија својата прва одобрена вакцина против ковид-19 ја нарече „Спутник 5“ за странски пазар, што е референца на првиот советски сателит и што Москва го гледа како прва земја која одобри вакцина, рече денеска висок руски функционер.

„Во блиски контакти сме со руските официјални власти и во тек се разговори за можна проверка на безбедноста и ефикасноста на вакцината во рамки на СЗО, меѓутоа таа постапка вклучува ригорозен преглед и проценка на сите потребни податоци за безбедноста и ефикасноста“, изјави портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ на брифингот во ОН во Женева, во однос на клиничките испитувања.

Регулаторните тела ширум светот тврдат дека настојувањата што побрзо да дојдат до вакцина за ковид-19 нема да бидат на штета на безбедноста на вакцините.

Руските здравствени работници ќе се понудат доброволно да се вакцинираат.

Ширум светот се развиваат повеќе од 100 можни вакцини за да се запре пандемијата од ковид-19. Најмалку четири се во завршна, трета фаза од испитувањето врз луѓе.

Руската вакцина против Ковид-19 развива имунитет до две години

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот