Фаучи: Може да се врати спортот, играчите во хотели, тестирања, празни стадиони..!

фото: твитер

Главниот американски епидемилог вели дека доволно интерес би имало од навивачите за гледање на натпревари дури и во скратена сезона.

Според долгогодишниот директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, Ентони Фаучи, можно е враќањето на спортските натпреварувања во САД оваа година, но само без присуство на навивачи.

– Постои начин да се постигне тоа. Никој не смее да доаѓа на стадионите. Спортистите да бидат во големи хотели, каде и да играте, држете ги под надзор…Нека ги тестираат секоја недела и бидете внимателни да не се заразуваат едни со други или нивните семејства – рече Фаучи, пренесуваат американските медиуми.

Одговарајќи на прашање за одржување на скратена сезона во бејзбол (МЛБ) лигата и почетокот на натпреварувањето во американскиот фудбал (НФЛ), Фаучи вели дека ќе има доволно интерес од навивачите за гледање на натпреварите, дури и доколку тие не можат да присуствуваат.

Овој коментар на Фаучи дојде една недела откако 72 проценти од Американците во анкета на еден Универзитет рекоа дека нема да присуствуваат на спортски настани додека не се најде вакцина за коронавирусот.

Само 13 проценти од анкетираните рекле дека се чувствуваат удобно да одат на натпревари како во минатото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот