Ф1: Пол позицијата за Ферстапен, сензација на Расел

Возачот на Ред Бул беше најбрз во квалификациите/ фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен го имаше најбрзото време во квалификациите пред утрешната трка за Големата награда на Белгија. На денешните квалификкации на патеката Спа Франкошамп најбрзото време на Ферстапен изнесуваше 1:59.765 минути.

Вистинска сензација направи возачот на Вилијамс, Џорџ Расел кој го освои второто место и беше побрз од актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес кој на крајот заврши како третопласиран.
Четврто најбрзо време имаше Даниел Рикиардо од Мекларен, додека Себастијан Фетел заврши како петтопласиран.

Денот го дбележа судирот на Ландо Норис во третиот дел од квалификациите кои траеја речиси два часа. Постојано врнеше дожд, а Фетел бараше прекин на квалификациите, но дирекцијата на трката одлучи да продолжат.

Од шестото до десеттото место се пласираа Пјер Гасли, Серхио Перез, Валтери Ботас кој ќе тргне од 13 место поради казната која ја доби на претходната трка. Деветти беше Естебан Окон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот