Европските медиуми го одбележаа историскиот успех на Ѓоковиќ, признание дојде и од Швајцарците
Веста дека Новак Ѓоковиќ ја започна рекордната 311.недела на челната позиција на АТП ранг листата и дека го помина Рожер Федерер, е главна спортска вест во европските медиуми.
Шпанска „Марка“ објави текст со наслов „Ѓоковиќ рекорден број 1“, а во идентичен стил пишува и вториот мадридски весник „Ас“ во текстот „311 недели на врвот“.
„Овој понеделник 8. март 2021 година ќе биде запишан во книгата со тениски рекорди. Србинот Новак Ѓоковиќ ја започна 311. недела на првото место на АТП ранг листата и го собори рекордот на Рожер Федерер“, пишува каталонскиот „Мундо Депортиво“ во текстот „Ѓоковиќ го собори рекордот на Федерер“.
„Како и што се очекуваше, првиот голем рекорд на Федерер кој мораше да биде соборен е тој кој се однесува на неговата константност на врвот на ранг листата. Од утринава, Новак Ѓоковиќ со 311 недели е крал на тенисот, една недела повеќе од Федерер кој остана на бројката 310“, е дел од текстот на италијанскиот весник „Газета дело спорт“ под наслов „Ѓоковиќ го престигна Федерер: 311 недели број 1“.
Францускиот „Лекип“ во текстот „Ѓоковиќ-прв на број 1“, пишува дека српскиот тенисер денеска ја започна својата 311. недела на чело на АТП ранг листата и со тоа го собори рекордот на Рожер Федерер.
Признание за успехот на Ѓоковиќ дојде и од најтиражниот швајцарски весник „Блик“.
Nach Sturz durch Djokovic: Diese Rekorde nimmt Federer jetzt ins Visier https://t.co/Ke6kM3ZOls
— BLICK Sport (@BLICK_Sport) March 8, 2021