Евро 2020 | Група Д: Англија и Хрватска сакаат да го повторат успехот од Русија!

Фото: EPA-EFE/Scott Heppell/POOL/EPA-EFE/ANTONIO BAT/EPA-EFE/MARTIN DIVISEK/EPA-EFE/JULIEN WARNAND

Европското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 11 јули, а ние продолжуваме да ги претставуваме репрезентациите кои ќе учествуваат на континенталниот собир.

Во групата Д се наоѓаат Англија, Хрватска, Чешка и Шкотска. Според сите прогнози, Англичаните не треба да имаат проблем да се пласираат во нокаут-фазата од оваа група, исто како и Хрватите. Чешка е благ фаворит во однос на Шкотска доколку третопласираниот од оваа група се избори за пласман понатаму.

Англичаните во моментов се четврта репрезентација на ФИФА ранг-листата и се меѓу фаворитите за освојување на титулата на ЕП. Во споредба со последното Европско првенство кога беа елиминирани во осминафиналето, тие напредуваа и го освоија четвртото место на Светското првенство во Русија, а сега сакаат да одат чекор понапред.

Селекторот Герет Саутгејт навистина ќе има „потешкотии“ во изборот на најдобриот тим, особено во нападот. Прва ѕвезда, исто така и капитен, и натаму е напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн кој има безбедно место во тимот.

Но, има и други квалитетни и млади играчи како Санчо, Стерлинг, Рашфорд или Фоден, па противниците ќе имаат големи проблеми да запрат ваков моќен напад. Одбраната е полошиот дел од тимот, но нема сомнение дека и тука има неколку квалитетни фудбалери, поради што Англија изгледа фантастично на хартија. Во својата историја Англија својот најдобар пласман на ЕП го имаше на домашен терен во 1996 освојувајќи го третото место.

Хрватска е на 14 позиција на ранг-листата на ФИФА благодарение на нејзините настапи во последните неколку години. На Светското првенство во Русија тие беа вицешампиони, додека на последното Евро 2016 беа елиминирани во осминафиналето, па имаат императив да го подобрат пласманот на континенталното натпреварување оваа година.

Убедливо најсилниот дел од хрватскиот тим е средината на теренот командувана од капитенот Лука Модриќ, а тука се и Матео Ковачиќ и Марсело Брозовиќ. Селекторот Златко Далиќ има нешто помалку квалитетни играчи во одбраната, додека Ребиќ, Власиќ, Крамариќ ќе се натпреваруваат за место во офанзивниот дел на тимот..Најдалеку на еврошампионатите „коцкастите“ стигнале до четвртфиналето.

Чешка се враќа на големата сцена откако не успеа да се пласираат на Светското првенство во Русија. На последното ЕП го заврши натпреварувањето во групната фаза, па амбициите на оваа селекција се да се истакнат во ова големо натпреварување и да се пласираат во нокаут фазата.

Слично на Хрватска, најсилниот дел од тимот е средниот ред каде што се истакнуваат капитенот Владимир Дарида и првата ѕвезда на тимот Томас Соучек од Вест хем. Вреди да се спомене напаѓачот на Баер, Патрик Шик, но и новата млада ѕвезда Адам Хложек, кој има само 18 години и е мета на многу европски гиганти.

Шкотска после 23 години се враќа на големите натпреварувања, успеа да се пласира на претстојното ЕП откако ја совладаа Србија на пенали. Тие веќе постигнаа голем успех и секој бод во оваа силна група ќе биде премија за нив.

Прва ѕвезда на тимот и капитен е Енди Робертсон од Ливерпул, а во тимот има уште неколку ѕвезди од Премиер лигата. Меѓу нив е уште еден лев бек Киран Тирни, потоа играчите од средниот ред Скот Мктоминеј и Џон МекГин и напаѓачот Че Адамс. Ова е трето учество за Шкотите на ЕП, во 1992 и 1996 година го завршувале настапот во групната фаза.

Евро 2020 I Група А: Како да се победи Италија

Евро 2020 I Група Б: „Ѓаволски“ предизвик за Белгија

Евро 2020 | Група Ц: Холандија е фаворит, македонските фудбалери предвреме „отпишани“!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот