Евро 2020 I Група Б: „Ѓаволски“ предизвик за Белгија

EPA/EFE

Во групата Б се наоѓаат најдобрата репрезентација на ФИФА ранг листата Белгија како и Данска, Русија и Финска

Репрезентацијата на Белгија се смета за еден од главните фаворити за триумф на ЕП, а одличната генерација предводена од Де Брујне, Лукаку, од 2016 година ја предводи Шпанецот Роберто Мартинез. На последниот голем настан, Белгија го освои третото место на СП 2018 година во Русија, а сега фановите и експертите очекуваат да одат најмалку еден чекор подалеку.
Најдобриот пласман на ЕП на „црвените ѓаволи“ е од 1980 година кога играа во финалето, а на минатото ЕП стигнаа до четвртфиналето. Белгија пласманот на Евро 2020 го обезбеди на доминантен начин со максимални 10 победи и со импресивна гол разлика 40:3.
Главен играч околу кој ќе се врти се во играта на Белгија е Кевин Де Брујне, кој му го „украде“ статусот на ѕвезда на Еден Азар. Де Брујне е еден од најзаслужните на триумфот во Премиер лигата на Манчестер сити, но фудбалерот нема да настапи на првиот натпревар на ЕП поради повредата која ја доби во финалето на ЛШ против Челси. Главен адут во нападот на Белгија е Ромелу Лукаку кој во квалификациите даде седум гола и е најзаслужен за триумфот на Интер во Серија А.

Репрезентацијата на Данска е десетта на ФИФА ранг листата, а стартот на ЕП ќе го има против Финска на 12 јуни.
Данска има една титула европски шампион од 1992 година кога дојде како замена за СФР Југославија.
Најголем адут на селекторот Каспер Хјулманд е играчот на Интер, Кристијан Ериксен.
Ериксен во Интер немаше голема минутажа, но времето поминато на терените максимално го искористи. Исто така Ериксен беше најдобар стрелец во квалификациите за ЕП со пет гола. Исто така тука се и голманот Каспер Шмајхел, Пјер-Емил Хојберг, Томас Дилејни, Јусуф Поулсен.


Репрезентацијата на Русија за многумина е најголема енигма, на СП 2018 година дојдоа до полуфиналето, но сега повторно се наоѓаат на испит. Русија има една титула, од 1960 година како СССР, а во 2008 година играа во полуфиналето, додека на последното ЕП не ја поминаа групата.
Артем Џуба е главниот адут на Русија, но тука е се и Јури Жирков како и Александар Головин.


Репрезентацијата на Финска ќе дебитира на европските првенства, а пласманот на Евро 2020 го обезбеди како второпласирана во својата група, веднаш зад максималната Италија но зад себе ги оставија БиХ и Грција. 
Најзаслужен за успесите на Финска е селекторот Марку Канерва кој на клупата седи од 2016 година. Ѕвезда на репрезентацијата е 31-годишниот Тему Пуки, а многу се очекува од Лукаш Храдецки (Баер), Глен Камара (Ренџерс), Маркус Фрос (Брентфорд).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот