Евро 2020 I Група А: Како да се победи Италија

Epa/efe

Турција, Италија, Велс и Швајцарија се наоѓаат во групата А на Европското првенство, а натпреварите ќе се играат во Рим и во Баку.

Евро 2020 ќе биде отворено токму со натпреварот од групата А помеѓу Италија и Турција кој ќе се игра на „Олимпико“ во Рим.
Најзвучо име во групата е Италија која е четирикратен светски шампион но има и европска титула од 1968 година. „Аѕурите“ пласманот на Евро 2020 го обезбедија на доминантен начин, победија на сите десет натпревари во квалификациите и заедно со Белгија се единствени со максимален учинок во квалификацискиот циклус.

Очекувано, Италија е голем фаворит за освојување на првото место во групата, но навивачите имаат поголеми апетити, а тоа е титулата. Дополнителен притисок на Италијанците им создава податокот дека во групната фаза натпреварите ќе игра пред своите гледачи.
Костурот на репрезентацијата го сочинуваат фудбалери кои играат во Серија А, но тука е „странците“ како Верати и Кин од ПСЖ како и Емерсон и Жоргињо од Челси.
На голот се очекува да биде Џанлуиџи Донарума, додека со одбраната ќе командува двоецот од Јувентус, Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини. Во средниот ред главниот збор ќе го имаат Николо Барела и Марко Верати, а за давање голови ќе бидат задолжени Лоренцо Инсиње и Чиро Имобиле.


Селекцијата на Швајцарија на минатото ЕП беше елиминирана во осинафиналето и тоа им е најдобар пласман на континенталните собири. На Евро 2020 доаѓаат како првопласирани во конкуренција со Данска и Ирска.
На голот се очекува да биде Јан Зомер, со одбраната ќе командува Мануел Аканџи, а во средниот ред главниот збор ќе го имаат Џердан Шаќири и Гранит Џака, додека главен напаѓач ќе биде Харис Сеферовиќ. Првиот натпревар на Евро 2020, Швајцарија ќе го игра на 12 јуни против Велс во Баку.

Најголема енигма во оваа група е Велс кој пред пет години дебитираше на Европските првенства и веднаш дојдоа до полуфиналето. На ова ЕП доаѓаат како второпласирани во својата група веднаш зад Хрватска. Најголемата промена во тимот на Велс е на клупата, селекторот Рајан Гигс нема да ја предводи репрезентацијата поради обвинението за нанесување на тешки повреди на неговата девојка и сестра. На негово место дојде Роб Пејџ.
Најголемата опасност за противниците ќе претставуваат најголемите ѕвезди на репрезентацијата, Герет Бејл и Арон Ремзи .


Селекцијата на Турција е најлошо рангирана на ФИФА листата, но според прикажаните игри во последниот период, тие се далеку од аутсајдери. Најдобриот пласман на ЕП на Турција е полуфиналето од 2008 година, додека на последното ЕП не ја поминаа групата.
Селектор на Турција е Шенол Ѓунеш кој имаше големи успеси со Бешикташ на клупски план. Тој форсира напаѓачки фудбал а доказ за тоа се квалификациите за СП 2022 каде Турција со 4:2 ја совлада Холандија, а со 3:0 славеше над Норвешка.
Турските фанови највеќе очекуваат од фудбалерот на Милан, Хакан Чалханоглу како и од играчите на новиот француски шампион Зеки Чекик, Јусуф Јазики и Бурак Јилмаз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот