Фото: Stephen Chung / Alamy / Alamy / Profimedia

Еврејско семејство тужи за „Сончогледи“ на Ван Гог, која нацистите им ја одзеле

Таа слика му припаѓала на германскиот банкар, Евреин по потекло, Пол фон Менделсон-Бартолди, пред да биде принуден да ѝ ја отстапи на една француска дилерска куќа во 1934 година, поради масовните прогони во кои нацистите им го конфискувале целиот вреден имот.

Потомците на Евреинот Пол фон Манделсон-Бартолди, кому нацистите присилно му ја одзеле една од најпознатите уметнички слики на Винсент ван Гог, ја тужат јапонската компанија што моментално ја поседува. Имено, тие не само што бараат враќање на сликата, туку и нешто повеќе од милијарда долари како компензација за претрпената загуба.

Љубителите на уметноста во Јапонија ги изненади веста дека домашната осигурителна компанија „Сомпо“, која поседува една од 11-те сончогледови слики на еминентниот холандски уметник, би можела да остане без тоа скапоцено уметничко дело поради неодамна поднесена тужба против неа во САД.

Осигурителната компанија „Сомпо“ ја откупила уметничката слика „Сончогледи“(1888) во 1987 година, за сума од 39 милиони долари на аукција на брокерската куќа „Кристи“.

„Сончогледи“ (1888) на Винсент ван Гог / Фото: Index Fototeca / Heritage Images / Profimedia

Меѓутоа, таа слика му припаѓала на германскиот банкар, Евреин по потекло, Пол фон Менделсон-Бартолди, пред да биде принуден да ѝ ја отстапи на една француска дилерска куќа во 1934 година, поради масовните прогони во кои нацистите им го конфискувале целиот вреден имот.

Неговите потомци сега ја тужат јапонската компанија, тврдејќи дека таа го купила делото на Ван Гог иако знаела дека е предадено под принуда, а покрај сликата, тие бараат и неверојатна отштета од милијарда долари.

Еден од доказите за нивното тврдење е една електронска порака од 2002 година што јапонската компанија ја испратила до Институтот за уметност во Чикаго, во која нејзиниот кадар, наводно, напишал дека сликата може да биде конфискувана во САД поради контроверзноста околу нацистите против германските Евреи.

Фото: Stephen Chung / Alamy / Alamy / Profimedia

Тужбата била поднесена пред американскиот федерален суд во сојузната држава Илиноис во декември, но со оглед на тоа што тој нема ингеренција над јапонските државјани во овој момент, се чини дека целта на тужбата е првенствено да изврши притисок врз јапонската компанија преку медиумите, а потоа и судска заплена во случај ако делото биде изложено во САД.

Меѓутоа, делото ја нема напуштено Јапонија повеќе од две децении. Затоа е веројатно дека „Сомпо“ ќе прифати да му исплати одредена сума на семејството за да може да располага со сликата и во САД.

Како Винсент ван Гог навистина го изгубил увото?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот