Како Винсент ван Гог навистина го изгубил увото?

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Приказната дека уметникот Винсент ван Гог (кој е починат на денешен ден во 1890 година) си го отсекол увото, а потоа ѝ го подарил на сексуална работничка е надалеку позната историска легенда. Сепак, за разлика од многу други легенди, оваа е вистинита, пишува „Ван Гог експертс“.

Self portrait with bandaged ear and a pipе, Винсент ван Гог (1889)

Историчарите имаат забележано дека холандскиот уметник, по една расправија со уметникот Пол Гоген на 23 декември 1888 година, зел жилет и си отсекол дел од левото уво. Потоа го завиткал отсечениот дел во лист од весник и ѝ го подарил на сексуална работничка по име Ракел.

Потоа Ван Гог бил хоспитализиран во критична состојба која траела неколку дена. По инцидентот, Гоген заминал од Арл и повеќе никогаш не се вратил во Жолтата куќа.

Дека увото на Ван Гог било осакатено е сигурна информација – документарни извори, како и сликите на уметникот со преврзано уво го потврдуваат овој факт.

Self-portrait with bandaged ear, Винсент ван Гог (1889)

Но, неодамна двајца германски историчари се запрашале дали Ван Гог навистина сам си го отсекол увото. Ханс Кофман и Рита Вилдеганс во нивната книга „Увото на Ван Гог, Пол Гоген и пактот на тишината“ тврдат дека Гоген бил тој што му го отсекол увото на Ван Гог. Тие ги засноваат своите тврдења на различни извори поврзани со настанот, вклучувајќи ги полициските записи, писмата на Ван Гог и теориите за менталната состојба на уметникот во тоа време.

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Според нивните претпоставки, Гоген и Ван Гог се расправале за проститутката Ракел и за тоа кој е најдобриот начин да се слика.

Кога Ван Гог станал хистеричен поради заканите на Гоген дека ќе го напушти Арл, Гоген го замавнал мечот за мечување (тој бил аматерски мечувалец) и случајно му го отсекол увотот на својот пријател. Двајцата уметници потоа ја сокриле вистината во нивните полициски изјави, најверојатно за да го заштитат Гоген од гонење.

За да ја поддржат нивната теорија, авторите на книгата укажуваат на недоследностите во полициските записи и нејасните изјави во писмата на уметниците, иако тие признаваат дека нивните докази на крајот се неубедливи.

Повеќето историчари кои го проучуваат животот на Ван Гог не се убедени во вистинитоста на оваа теорија, иако сметаат дека теоријата е интересна и признаваат дека Кофман и Вилдеганс направиле восхитувачка работа анализирајќи ги документарните докази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот