Еве зошто парите не се чуваат во нафталин: Бугарин потпалил банка додека менувал левови во евра
Околу 30.000 лева се самозапалиле и изгореле во касата на централна банкарска филијала во Горна Орјаховица, Бугарија, објави бугарскиот портал „Нова“.
Препорачано
Во пожарот биле спасени 170.000 лева, кои исто така се наоѓале во трезорот.
Инцидентот се случил во доцните попладневни часови во вторникот. Повозрасен маж решил да внесе заштеди од околу 4.000 левови на својата сметка, за парите автоматски да му се превалутираат во евра по Нова година.
Се покажало дека мажот ги чувал парите во гардероба, заедно со облека која била посипана со нафталин како заштита од молци.
ВИДЕО: „Српскиот Гринч“ потпали украсно новогодишно вовче во четири наутро, го полеа со бензин
На банкнотите имало кристали од репелентот, кој е силно токсичен и лесно запалив при изложување на топлина. Кога парите поминале низ машината за броење, најверојатно нафталинот се кренал во воздух и навлегол во климатизацијата. Оттаму искра летнала во касата, но таа не била забележана од вработените и парите во трезорот почнале да тлеат. Се појавил и чад. По отворањето на касата и навлегувањето на кислород, огнот се разгорел.
Изгорела околу една шестина од вкупната сума во касата, која изнесувала речиси 200.000 лева.
Нема повредени вработени. Пожарот бил изгаснат од пожарникарите, а парите биле осигурени. Сумата на мажот кој ги внел четирите илјади лева со нафталин била целосно префрлена на неговата сметка.


