Фото: Инстаграм / принтскрин

ВИДЕО: „Српскиот Гринч“ потпали украсно новогодишно вовче во четири наутро, го полеа со бензин

Непознат сторител, кој е снимен, рано утрото во неделата дошол пред Градската куќа во Нови Сад и потпалил новогодишна декорација на вовче, откако претходно ја полеал со бензин, јавија српските медиуми.

Чинот предизвика шок и згрозеност кај многу Срби, ако се суди според коментарите на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како потпалувачот, кој дошол со велосипед, го полева вовчето со бензин и фрла запалено чкорче од кибрит, но отпрвин не успева да го запали. Во вториот обид тој успешно го пали огнот, а локомотивата на декоративното вовче брзо пламнува, додека „српскиот Гринч“, како што го нарекоа на мрежите, бега од местото.

Пожарот го изгаснале неколкумина минувачи, уште пред да дојдат пожарникарите.

Полицијата соопшти дека трага по непознатиот пироман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот