Ева Лонгорија / Фото: Profimedia

Ева Лонгорија ја напушти Америка поради Трамп, сега за првпат проговори за тоа: „Ми недостасуваат само две работи“

Актерката Ева Лонгорија пред две години донела одлука да се пресели од САД и својот живот да го подели меѓу Шпанија и Мексико, каде денес живее со сопругот Хосе Бастон и нивниот син.

Иако пораснала во Тексас, а поголемиот дел од животот го поминала во Лос Анџелес, Лонгорија открива дека најголемата промена за неа била – поинаков ритам на живот.

„Во Шпанија навистина уживаат во животот. Обожаваат долги оброци и никогаш не брзаат“, вели таа, додавајќи дека не ѝ недостига стресниот „работен ручек“ кој е типичен за американската култура.

Актерката денес работи и на нови проекти, меѓу кои и патописна серија на телевизијата Си-ен-ен, насловена „Ева Лонгорија: Во потрага по Франција“.

Како една од предностите на животот во Европа ја издвојува и помалата гужва: „Нема сообраќаен хаос таму каде што живееме. Секогаш пешачам.“

Сепак, признава дека ѝ недостигаат две работи од САД – семејството и мексиканската храна.

„Ми недостига моето семејство од Тексас… и добрата мексиканска храна. Тоа навистина го нема во Европа“, искрено вели Лонгорија.

Нејзиниот син неодамна почнал да посетува училиште, откако претходно се школувал од дома, а таа вели дека одлично се снаоѓа во новата средина.

Во едно од претходните интервјуа, актерката откри дека чувствува дека нејзиното „американско поглавје“ е завршено и дека повеќе не сака да живее во Лос Анџелес, кој, според неа, значително се променил.

Ева Лонгорија откри како е да се стане мајка на 43 години: „Се прашувам дали мојот син ќе се срами од мене“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот