ЕСМ ќе набавува гас за топланите да работат во наредните четири месеци

ЕСМ Продажба започна постапка за набавка на природен гас што им е потребен на топланите за греење на Скопје за периодот од јануари до април.

Оттаму информираат дека се испратени покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во државава, а повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во делот на ЕСМ Продажба , за деловно информирање на странски компании кои би имале интерес да поднесат понуди.

Целта на повикот е да се изберат квалификувани понудувачи со кои ќе се склучи рамковен договор за потребните количини на природен гас за периодот 01.01 до 30.04.2023. Индивидуален договор, месечен или за целиот период, ќе се склучи со квалификуваниот понудувач кој има рамковен договор и најповолна цена за бараниот период – информираат од компанијата.

Според очекувањата на ЕСМ, конечниот договор за набавка на природен гас треба да биде склучен кон крајот на декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот