ЕП: Србите во полуфинална пресметка со Франција

cev.eu

Во последните две четвртфинални средби, селекцијата на Србија во Антверп со резултат 3:2 по сетови 21:25, 25:23, 25:22, 19:25 и 15:9 беше подобра од Украина.

Александар Атанасијевиќ беше најефикасен во победничките редови со 24 поени, три помалку запиша Урош Ковачевиќ, а на спротивната страна блескаше Јан Јерешченко со 18 поени, еден повеќе од Дмитро Вјетски.

Французите со максимални 3:0 (25:16, 27:25, 25:14) славеа против Италија во Нант предводени од Стефен Боје со 25 поени.

На тој начин се познати двете полуфинални двојки на Европското првенство, на 26 септември од 20.30 часот во Љубљана, Словенија ќе игра против Полска.

Еден ден подоцна во Нант, француската репрезентација ќе ги одмери силите против Србија. Завршните дуели за медалите ќе се водат во Париз, на 28 септември за бронзата и за европската титула в недела на 29 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот