ЕП: Македонија не освои ниту сет против силните Холанѓани

Холанѓаните доминираа, следен меч за Македонија в недела против Турција/Фото: facebook.com/volleyballmkd

Денеска и во вториот натпревар на Европското одбојкарско првенство репрезентацијата на Македонија во Тампере загуби со максимални 3:0 од Холандија, 25:20, 25:18 и 25:22.

За Холанѓаните ова е веќе втор триумф во рамките од групата „Ц“ и моментно го делат првото место со Турција со по шест бодови.

Напомена дека второто коло треба да биде комплетирано со дуелот Финска – Русија, Финците се третопласирани со три бодови, а без бодови се Русија, Шпанија и Македонија. „Лалињата“ стартуваа со предност од 7:3 во првиот сет, па успеавме да намалиме трипати на „минус еден“ (11:10, 12:11, 13:12), но повторно се одвои ривалот овојпат на „плус пет“ (17:12, 18:13, 19:14), а највисоката позитива изнесуваше 21:16, по што до крајот само рутински противниците го одработуваа сетот.

Единствено само во вториот сет двапати го контролиравме резултатот и тоа минимално со 1:0 и 15:14, се држевме егал до 16:16, и наместо да се води битка поен за поен, Холандија направија серија од четири поени во низа што се покажа како клучен момент за предност од 2:0 во сетови.

Ништо не се смени и во третиот сет, уште од самиот старт обезбедија високо водство од 6:2, за момент ги вративме надежите намалувајќи на 8:7. Противникот покажа дека има големи амбиции на ова ЕП да се бори за висок пласман, повторно се вратија на „плус пет“ (14:9). Се обидовме со сите сили да бидеме барем резултатски блиску до противникот, најблиску можевме до 18:16, 19:17, 21:19, а Холандија само искусно го водеше овој меч до нови сигурни бодови на континенталниот собир.

Во нашите редови на денешната средба 13 поени запиша Н. Ѓорѓиев, два повеќе од Александар Љафтов, а на спротивната страна Вутер Тер Маат реализираше 22 поени. Избраниците на селекторот Душко Николиќ својот нареден меч ќе го имаат на 5 септември против турската селекција со почеток од 13.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот