ФОТО | По 19 години, Еминем има нова девојка: Во врска е со својата долгогодишна стилистка Катрина Малота
Иако во последните децении се држеше настрана од јавни романси, американскиот рапер Еминем повторно е во центарот на вниманието поради гласините дека е во врска. Според светските медиуми, раперот во последно време е особено близок со Катрина Малота, стилистка и фризерка со која соработува веќе некое време, а која исто така е од американската држава Мичиген, пишува „Сан“.
Препорачано
Катрина работи како шминкерка и фризерка за бројни познати личности веќе околу петнаесет години. На својата веб-страница, таа ги објавува своите соработки со имиња како Снуп Дог , Робин Тик и Фифти Сент, но и со локален гениј од нејзиниот роден град, алудирајќи на Еминем, што дополнително ги поттикна шпекулациите за нивната врска.
Гласините за нивната врска се појавија откако обожавателите забележаа дека Малота се споменува почесто во неговиот професионален круг. Иако ниту таа ниту раперот засега не потврдија ништо, многумина се убедени дека тие имаат повеќе од само деловна врска.
Еминем последен пат јавно беше поврзан со Кимберли Скот, неговата љубов од средно училиште и поранешна сопруга, со која има турбулентна историја. По нивната разделба, раперот се повлече од насловните страници и се посвети на своето семејство – првенствено на своите деца Алаина (32), Хејли (29) и Стиви (23).
Доколку шпекулациите се точни, ова би била првата нова љубовна приказна на познатиот рапер по речиси 20 години молчење за неговиот приватен живот.


