pixabay

Електронскиот отпад за 5 години се зголемил за 21%, зошто не рециклираме?

Секоја година, вкупната количина на електрична и електронска опрема што ја користи светот расте за 2,5 метрички милиони тони. Телефони, радија, играчки, лаптопи, батерии – што се случува со „е-отпадот“?

Само во 2019 година, светот генерираше 53,6 метрички тони „е-отпад“. Тоа е околу 7,3 килограми по човек и е еквивалентно на тежина на 350 бродови за крстарење.

Азија произвела дури 24,9 милиони метрички тони, следна на листата е Америка со 13,1 метрички тони, додека Африка и Окејанија генерирале  2,9 и 0,7 милиони метрички тони.

До 2030 година, вкупниот глобален износ најверојатно ќе се зголеми на 74, 7 милиони метрички тони, што е скоро двојно повеќе од годишната количина на нов електронски отпад за само 16 години.

 

Ова го прави најбрзо растечкиот проток на отпад во светот, поттикнат главно од луѓе кои купуваат електронски производи со пократок животен циклус и помалку опции за поправка.

Овие производи можат да помогнат во подобрување на животниот стандард, а фактот дека сè повеќе луѓе можат да си дозволат технолошки помагала е фасцинантен.

Но, растечката глобална побарувачка го надминува нашиот капацитет за безбедно рециклирање или располагање со електронски производи. Откако ќе бидат застарени и отфрлени, овие производи можат да завршат акумулирајќи во животната средина, да загадуваат и да им наштетат на луѓето и животинскиот свет, знаете?

Рециклирање на „е-отпад“

Во новото истражување, се открива дека Европа има најголема стапка на собирање и рециклирање, опфаќајќи околу 45,5% од вкупниот генериран е-отпад во 2019 година.

Азија е на второ место со 11,7%, Америка со 9,4%, Океанија со 8,8%,  а Африка има најниска стапка од 0,9%. Што се случува со остатокот односно 82,6% од светскиот е-отпад останува мистерија.

Без сигурен систем за управување со отпад, токсичните материи од е-отпадот, како што се живата, бромирани пламенски задржувачи, хлорофлуоројаглеродите и хидрохлорофлуоројаглеродите се испуштаат во животната средина!

Тоа не е само ризик по здравјето, тоа директно придонесува за глобалното затоплување. Фрлени електронски уреди како што се фрижидерите и климатизерите, може полека да ослободуваат стакленички гасови.

За среќа, светот полека „се буди“.  Последното истражување покажува дека 78 земји, кои опфаќаат речиси 70% од светската популација или имале политика за управување со е-отпад или воспоставуваат регулативи.

Но, во многу од овие земји како и кај нас, политиките сè уште не се законски обврзувачки и можеби затоа не се спроведуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот