Економисти тврдат: Бијонсе е виновна за високата инфлација во Шведска
Почетокот на светската турнеја на пејачката Бијонсе минатиот месец во Шведска доведе до таков пораст на побарувачката за хотелско сместување и резервации за ресторани, што земјата објави инфлација од 9,7 отсто во мај.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Економистот од „Данске банк“, Мајкл Гран изјави дека токму Бијонсе го поттикнала растот на цените во хотелите и рестораните, пишува „Би-би-си“.
Тој додаде дека доаѓањето на пејачката во Шведска стои и зад неочекуваното поскапување на рекреативните и културните настани.
„Не би ја обвинувал Бијонсе за високата инфлација, но нејзиниот настап и глобалната побарувачка очигледно придонесоа за тоа“, рече Гран.
Нема сомнеж дека првата солистичка турнеја на популарната пејачка по цели седум години одбележа важен економски момент, наведува „Би-би-си“ и додава дека постојат проценки дека Бијонсе би можела да заработи речиси две милиони фунти до крајот на септември.
Потрагата по сместување во градовите каде што таа пееше, или допрва ќе одржи концерт, значително се зголеми, а билетите за многу од концертите се распродадоа за неколку дена.
Целосната листа со датумите на нејзините концерти можете да ја прочитате тука.
ФОТО | Прва по седум години: Бијонсе најави спектакуларна светска турнеја


