ФОТО | Прва по седум години: Бијонсе најави спектакуларна светска турнеја

Американската ар-ен-би пејачка Бијонсе ја најави нејзината светска концертна турнеја „Renaissance“, на која ќе одржи дури 43 концерти ширум светот.
Таа го објави седмиот студиски албум „Renaissance“ во јули годинава, а сега нејзините обожаватели, конечно, ќе имаат можност да ги слушнат песните од албумот во живо.
Европскиот дел од турнејата ќе почне во главниот град на Шведска, Стокхолм на 10 мај, по што ќе следуваат концерти во Белгија, Велика Британија, Франција, Германија, Холандија и Полска.
View this post on Instagram
Бијонсе ќе го започне северноамериканскиот дел од турнејата со концертот во Торонто, Канада на 8 јули. Потоа, ќе одржи концерти во Филаделфија, Луисвил, Чикаго, Њујорк, Бостон, Мајами, Лас Вегас, Лос Анџелес, Хјустон итн., а турнејата ќе заврши со концертот во Њу Орлеанс на 27 септември.
Целосната листа со датумите можете да ја прочитате тука.
Се очекува дека побарувачката за билетите ќе биде навистина голема бидејќи ова ѝ е прва солистичка турнеја по турнејата „The Formation“ во 2016 година. Генералната продажба на билетите ќе започне на 7 февруари, меѓутоа дел од билетите веќе ќе бидат пуштени во претпродажба уште денес.
View this post on Instagram
Повеќе на темата:
ФОТО | Спектакуларно: По петгодишна пауза, Бијонсе настапи за 22 милиони евра
Објавени номинациите за Греми: Бијонсе има дури девет
Остри критики за Бијонсе: Со новата песна ги навреди луѓето со попреченост, ќе мора да ја преснима