ФОТО | Спектакуларно: По петгодишна пауза, Бијонсе настапи за 22 милиони евра

бијонсе
Фото: Принтскрин / Instagram

Американската пејачка. текстописец и танчерка Бијонсе по петгодишна пауза настапи во Дубаи за цели 24 милиони долари или околу 22 милиони евра. Концертот траел еден час и се одржа во новиот хотел „Atlantis The Royal“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEYB4E 🐎 (@beyb4e)


На сцената се појави и ќерката на пејачката Блу Ајви, а во публиката беа и нејзиниот сопруг Џеј Зи, како и родителите Тина и Метју Ноулс, објавија американските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BEVEN TV (@beventv)


Настапот го започна со песната „At Last“ на легендарната Ета Џејмс, а потоа следуваа нејзините хитови „Beautiful Liar“, „Halo“, „Crazy in Love“ и други. И покрај тоа што на присутните им беше строго забрането да објавуваат снимки и фотографии од настапот, тие набрзо почнаа да се шират на социјалните мрежи.

Пејачката во јули минатата година го издаде албумот „Renaissance“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOLD THE GRAIL (@holdthegrail)


Извори за списанието „Page Six“ изјавија дека таа ќе оди на турнеја ова лето. „Благодарение на овој албум, успеав да избегам од реалноста за време на пандемијата. Во тој период се чувствував слободна и се препуштав на авантурите“, изјави претходно Бијонсе.

Има само 10 години: Ќерка ѝ на Бијонсе сакала да си купи обетки од 80 илјади долари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот